Реклама
Македонија

10 месеци затвор за Јасмина Костадинова, која призна дека земала 2 илјади евра за случајот ИПАРД фондовите

Јасмина Костадинова иако немала потпишувачка улога во доделувањето на ИПАРД фодовите, добро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасмина Костадинова иако немала потпишувачка улога во доделувањето на ИПАРД фодовите, добро ги знаела процедурите и така учествувала во паралелен систем за незаконско распределување европски пари. Договорот бил да добие 20 илјади евра за да посредува фирмата на екс министерот Џефдет Насуфи да ги добие пари од ИПАРД фондовите. Призна дека примила награда за против законито влијание и доби 10 месеци затвор. Судот го ценел признанието, но и дека станува збор за злоупотреби со европски пари со кои требаат да се поддржи развојот на македонските земјоделци. Ќе и бидат конфискувани и 8 илјади евра за кои не докажала потекло и мобилните телефони.

  • Говори ЛЕНКА ДАВИТКОВА – Судија од Основен Кривичен суд Скопје: Ja злоупотребила довербата од граѓаните во јавната администрација и го нарушила угледот на инсититуцијата, иако не е примарен доносител на одлуки, улогата на обвинетата во ова министерство е клучна во синџирот на корупција, односно обвинетата ја искористила својата внатрешна позиција и познавањето на процедурите за да овозможи заобиколување на законските критериуми, со што директно го поткапала интегритетот на државната администрација.

Обвинителството за жалба пред Апелација ќе одлучи откако ќе ја прочита писмено првостепената пресуда, а барањето за продолжување на куќниот притвор судот го прифати.

  • „Би можело, согласно закон оваа казна да биде и уште повеќе ублажена, така да не прејудицираме која би била висината на казната, апропо изречената мерка куќен притвор, затоа не би навлегувала имајќи предвид дека изречената пресуда не е правосилна“ рече Наташа Поп-Трајкова – Обвинител од ОЈО за ГОКК.

И одбраната не знае дали ќе ја обжали пресудата. Според нив, иако само две илјади евра се пари од кривичното дело, судот се одлучил на конфискација на сите кои и биле одземени во ноември кога беше уапсена.

Реклама
  • „Беше невозможно беше да се докажува потеклото на парите, иако го има, но дали ќе се жалиме на оваа околност навистина не знам, се зависи од писмената пресуда, но ако се жалиме ќе се жалиме на сите основи и околности “ рече Ѕвонко Давидовиќ– Адвокат на Костадинова.

За останатите обвинети продолжува судењето. Првообвинет е екс министерот за локална самоуправа Џевдет Насуфи кој давал вкупно 50 илјади евра да му биде доделен грант од ИПАРД иако неговата фирма „Сигнас-Арго“ без да ги исполнува условите. Обвинети се и други службеници и вработени во фирмата на Насуфи. Обвинет е и директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев.