Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Повеќе паркинг – места и нова хуманитарна зона во општина Центар

Јавното претпријатие „Паркинзи на Oпштина Центар“ воведува нов модел на организација и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие „Паркинзи на Oпштина Центар“ воведува нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност на паркинг – просторот за жителите, подобра ефикасност во управувањето и унапредување на квалитетот на услугите, соопштија попладнево од Одделението за односи со јавност при јавното претпријатие.

– Со измените во новите подзаконски акти на ЈП „ПОЦ“, жителите на општина Центар и понатаму добиваат можност за користење на паркинг-простор под повластени услови во зоната на своето живеење. Со новиот модел, секоја станбена единица добива обезбедено, бесплатно паркирање за едно возило во својата зона, како гаранција за приоритет и достапност за жителите. Дополнително, се овозможуваат и проширени опции за користење на услугите на претпријатието за корисниците кои имаат потреба од тоа – се појаснува во соопштението.

Како што е истакнато, новите решенија овозможуваат појасна организација на паркинг-системот и подобра контрола и поефикасно користење на постојните капацитети, со што се создаваат услови за намалување на сообраќајниот притисок и поттикнување на поодржливи навики во движењето низ градот.

Реклама

– Остварените средства од наплата на услугите ќе бидат ставени во функција на амбициозен инвестициски циклус, насочен кон модернизација на инфраструктурата, унапредување на техничките решенија, дигитализација и подобрување на услугите за граѓаните. Измените опфаќаат и усогласувања кај дел од услугите и надоместоците што се однесуваат на месечните паркинг-карти, комерцијалните услуги и услугите на пајак-службата, сè со цел одржување на квалитетот, ефикасноста и одржливоста на системот. Како дел од новините, ЈП „Паркинзи“ воведува и „Зона Х“ – хуманитарни паркинг-места, што ќе бидат јасно обележани и наменети за поддршка на ранливи категории граѓани. Средствата собрани од користењето на овие паркинг-места ќе се донираат за хуманитарни цели, во соработка со Црвен крст на Македонија – се додава во соопштението.

Според директорот на јавното претпријатие, Душко Коцевски, со овие измени се воведува појасен и поправеден систем на користење на јавните паркиралишта, каде жителите го задржуваат приоритетот во секторот на живеење.

– Истовремено, создаваме основа за сериозен инвестициски циклус, модернизација на инфраструктурата и унапредување на услугите што секојдневно ги користат граѓаните. На овој начин поставуваме поодржлив модел што ќе овозможи подобро управување со паркинг-просторот и поквалитетна услуга на долг рок – се додава во неговата пишана изјава.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, смета дека ова е пример како едно јавно претпријатие може да креира решенија што се функционални, одржливи и во интерес на граѓаните.

– Овие измени се во насока на појасно уредување на повластеното паркирање и поефикасно користење на јавниот паркинг-простор. Целта е жителите да имаат подобра достапност до паркинг во близина на своите домови, а системот да биде пофер, поодржлив и подготвен за понатамошни инвестиции и модернизација. ЈП „Паркинзи“ покажува дека со добар пристап може да се воведат ред, поголема достапност и нова вредност во користењето на јавниот простор, вклучително и преку хуманитарните иницијативи – истакнува Герасимовски во пишаната изјава.

Од јавното претпријатие потенцираа дека со овие измени се поставува основа за појасен, пофункционален и поодржлив систем на паркирање, усогласен со реалните потреби на граѓаните и урбаното живеење.