Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Врачени 18 решенија за вработување во Здравствен дом Гостивар

Здравствен дом Гостивар ги зголеми персоналните капацитети со вработување на нови 18…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствен дом Гостивар ги зголеми персоналните капацитети со вработување на нови 18 лица. Во управата на установата вчера беа врачени решенијата за вработување на 14 медицински лица (6 лекари и 8 медицински сестри) и по еден возач, општ работник, адмнистратор и хигиеничар.

Според првиот човек на установата Вулнет Оломани, овие нови вработувања во значителна мера ќе ја подобрат ефикасноста во работењето и подобрување на здравствените услуги.

– Ова е значаен чекор кон подобрување на работењето и пополнување на работните позиции за кои ни недостигаше персонал. Тоа секако ќе подобри ефикасноста и пружањето на услугите кои се под ингеренции на Здравствен дом, рече директорот Оломани. Тој посочи дека и оваа година од ресорното министерство ќе поднесат барања за нови вработувања во повеќе области, бидејќи за тоа има потреба со оглед дека подрачјето кое го покриваат има над 100 илјади жители.

Реклама

Оломани најави дека летово треба да започне и реконструкцијата на зградата на здравствениот дом и нејзино проширување со надградба. Здравствен дом Гостивар има близу 200 вработени кои освен во брзата помош, работат во деловите на патронажна служба, вакцининација, детска стоматологија, лабораториски испитувања за осигурениците во општините Гостивар и Врапчиште.