Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Карактеристиките на пожарот во дискотеката „Пулс“ се исти како и при многу други пожари во затворен простор – доминантно влијание има јаглероден моноксид, сведочеше вештото лице

Карактеристиките на пожарот во дискотеката „Пулс“ се исти како и при многу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Карактеристиките на пожарот во дискотеката „Пулс“ се исти како и при многу други пожари во затворен простор – доминантно влијание има јаглероден моноксид, меѓутоа има и дополнителни фактори како чадот, жешкиот воздух, пренатрупаност, односно стампедо што се јавува при настапување на смртен исход, изјави директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков, на денешното судење за пожарот на 16 март 2025 во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. 

Од медицинската документација, како што рече вештото лице, повредите кај повредените во пожарот може да се групираат на: Изгореници – од прв, втор и трет степен, најчесто кај главата, врат, граден кош, горни екстремитети и грбот; и Инхалаторни повреди – повреди во вид на термичко оштетување на дишните патишта и механички повреди изразени во вид на скршеници и набивање. 

Термичките повреди, појасни вештакот, настанале заради изложеност на висока температура, било да е од жешкиот воздух или да е од капењето на материјалот што горел. 

Реклама

Инхалационите повреди, како што рече, се заради вдишување токсични гасови, додека термичките повреди се настанати од вдишување жежок воздух. 

Механички повреди, појасни Станков, се од притисок при паѓање, односно борбата да се излезе надвор или од извлекувањето. 

-Останувам во целост на секој документ што е издаден од Институтот а врз основа на наредба од Обвинителството, а е поврзан со настанот на 16 март 2025 година – нагласи Станков. 

Во однос на амбиенталните услови, вештакот рече дека амбиенталните услови сигурно влијаеле, посочувајќи дека „не збориме само за јаглероден моноксид, туку и жежок воздух, чад, водороден цијанид, се“. 

-Градежно вештачење не можам да коментирам, но ако видам дека таму е дадено 700 степени температура… изјави вештакот. 

На вкрстено прашање од одбраната за водородниот цијанид, вештакот изјави дека “цијанидот таму каде што е најден имал влијание како дополнителен, не како доминантен фактор за смрт”. 

Прашан дали е точно и дека количина до 0.6 микрограми на милилитар водороден цијанид е вообичаено за пушачи и лица кои живеат во позагадена средина, вештакот рече да, точно е тоа. 

Прашан дали алкохолот и психотропните супстанции влијаеле на способноста за расудување и евакуација, вештакот посочи дека тоа 
„не може да биде независно од количината, затоа е законски 0.5“. 

-Теоретски алкохолот не можам да го отфрлам дека влијае на расудување, но тука имаме многу повеќе фактори. Ако е чад – каде да одам, ако е жежок воздух и ме притиснале луѓе…, рече вештакот. 

Прашан, од каде водороден цијанид во „Пулс“, вештакот рече дека теоретски она што се става како звучна изолација може да доведе до ослободување на водороден цијанид, но во конкретниот случај што довело „тоа ќе ви објаснат другите вешти лица“. 

Судењето продолжува на 6 мај со изведување на материјални докази, предложени од Обвинителството. 

Семејствата на загинатите, во изјава за медиумите, по завршувањето на денешното рочиште изнесоа реакција на објави во одредени медиуми од доказните материјали со конкретни имиња на жртвите. 

– Ова не е новинарство, ова е злоупотреба на туѓа трагедија.  На 16 март 2025 се случи една од најтешките трагедии во поновата историја на Македонија. Во тој пожар во затворен простор над 600 луѓе се бореа со огнот што енормно се ширеше, се бореа за излез, за здив, се бореа за живот. Дека 63 од нив никогаш сами не се вратија, ни ги вратија во ковчези. Зад тие бројки не стојат статистики, туку имиња, лица, соишта, животи, изјави Маја Крстеска Коларов. 

Таа повика на барем малку почит и човечност кон жртвите и семејствата. 

-Ова не е тема за сензација, ова не е простор за шпекулации. Ова не е приказна за лајкови, ова е болка што не поминува. Ова е вистина што не смее да се извртува – порача Крстеска Коларов. 

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.