Реклама
Македонија

Започна традиционалниот куп „Св. Ѓорѓи“: Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги додели првите пехари

Традиционалниот спортски куп „Св. Ѓорѓи“ започна денеска со натпревари во футсал. На…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционалниот спортски куп „Св. Ѓорѓи“ започна денеска со натпревари во футсал. На настанот присуствуваше градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, која по завршувањето на натпреварите лично им ги додели пехарите и дипломите на најуспешните учесници, соопшти прес-службата на Општина Кисела Вода.

-Првиот ден од турнирот го одбележа триумфот на футсал селекцијата на Кисела Вода. Талентираните фудбалери од оваа општина докажаа дека во овој момент се неприкосновени на теренот, покажувајќи одлична подготвеност во сите соочувања. Во полуфиналната средба, селекцијата на Кисела Вода беше подобра од своите врсници од Општина Сопиште со резултат од 6:0, додека во финалето, избраниците на тренерот Игор Зафировски извојуваа победа над селекцијата на Општина Ѓорче Петров со резултат од 4:0, стои во соопштението на општината.

Во борбата за третото место, селекцијата на таленти од Општина Бутел ја совлада екипата на Сопиште со 6:0. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Калин Аврамоски од победничката селекција на Кисела Вода.

Реклама

Спортските активности во рамките на купот продолжуваат утре со полуфиналните средби во одбојка за девојчиња. Во првиот натпревар со почеток во 12:30 часот ќе играат селекциите на Општина Кисела Вода и Општина Аеродром, додека во второто полуфинале ќе се сретнат талентите од општините Центар и Карпош, додаваат од Општината.