Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Гаши во Копенхаген на конференција на спикери на парламентите на ЕУ и земјите кандидати

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе учествува на конференцијата на спикери на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе учествува на конференцијата на спикери на парламенти на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство, која денеска и утре ќе се одржи во Копенхаген.

Конференцијата претставува форум за размена на мислења, информации и искуства меѓу претседателите на националните парламенти на земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент, а ќе учествуваат и претседателите на парламентите на земјите кандидати. Целта е промовирање на улогата на парламентите, поддршка за нивната соработка и координација на меѓупарламентарните активности, соопшти собраниската служба за информирање.

Според темите на агендата, состанокот во Копенхаген ќе овозможи отворени и конструктивни дискусии за прашања од централно значење за сегашноста и иднината на Европа, односно безбедноста, проширувањето и улогата на парламентарната соработка, демократската отпорност во време на промени и хибридните закани и европската подготвеност, стои во соопштението.