Универзитетот Гоце Делчев (УГД) и Општина Штип денеска ќе одбележат 123 години од смртта на Гоце Делчев. По овој повод, традиционално, организираат настан во дворот на Ректоратот на УГД (Ново Село).
Настанот ќе почне со македонската химна, во изведба на академскиот хор на Музичката академија, под диригентство на Тоше Митрев, по што следува рецитал на студентите по народни инструменти од Музичката академија, во класата на професорот Марјан Јанкоски.
Манифестацијата ќе заврши со положување цвеќе пред спомен-бистата на Гоце Делчев.
