Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

Европското движење во Македонија го организира традиционалниот планинарски марш на Водно –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европското движење во Македонија го организира традиционалниот планинарски марш на Водно – настан повеќе од три децении по повод Европскиот ден на знамето во рамките на чествувањето на Денот на Европа и претставува препознатлива форма на заедничко одбележувањето на европските вредности. Се стартува од „Европска куќа“ во девет часот, соопштија од Европското движење.

Во „Европска куќа“ во Скопје ќе се одвива и симболична размена на македонското и европското знаме. На планинарскиот марш се очекува да се приклучат планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.

– Искачувањето на Водно е симболичен чин на соработка меѓу Делегацијата на Европската Унија и Европското движење во Македонија, што ја отсликува заедничката определба за напредок, остварување заеднички цели и градење пријателства. Иако целта на искачувањето е врвот, сакаме да нагласиме дека тој може да се достигне на различни начини. Секоја желба за движење нагоре, дури и со неколку чекори, претставува значаен придонес. Маршот традиционално ги обединува пријателите на Европското движење, планинари и граѓани – се додава во соопштението.