Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Доживотен затвор за таканаречениот „касап од Штип“

Доживотен затвор за таканаречениот „касап од Штип“. Основниот суд во Штип го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доживотен затвор за таканаречениот „касап од Штип“. Основниот суд во Штип го прогласи за виновен 75-годишниот Денис Асанов за бруталното убиство на 79-годишната Борјанка Николова.

Убиството, поради својата бруталност и начинот на извршување, предизвика големо внимание во јавноста, а во текот на целата судска постапка Асанов не призна вина. Тој тврдеше дека ја пронашол жртвата мртва во неговиот дом, по што тројца мажи, меѓу кои го препознал и својот очув, ја закопале во неговиот двор, заканувајќи му се по неговиот живот, поради што молчел.

Според обвинението, кое заврши и со пресуда, убиството се случило во периодот од 6 октомври до 10 ноември минатата година, во домот на обвинетиот. При извршување на убиството, жртвата била нападната со тврд предмет и биле нанесени повеќе удари во пределот на градниот кош, при што биле скршени осум ребра. Потоа ги пресекол екстремитетите и го обезглавил телото. Трупот го закопал во дворот од својот дом, а деловите што недостигаат сè уште не се пронајдени.