Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, е реизбрана за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”  во Скопје.

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на УКИМ денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање избираше меѓу двајцата кандидати за нов ректор – Биљана Ангелова и Дарко Данев.

-Врз основа на член 175, алинеја 10, членовите 180 и 181 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје („Универзитетски гласник” бр. 425/2019) и глава Г), точка 6 од Упатството за постапката за избор на ректор, Универзитетската изборна комисија на 7. седница одржана на 28.4.2026 година, ја донесе следната Одлука за утврдување на избран кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во мандатниот период од 16 септември 2026 година до 15 септември 2029 година. Според доставените резултати од страна на изборните комисии (ИК), од спроведеното непосредно и тајно гласање на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во мандатниот период од 16 септември 2026 година до 15 септември 2029 година е избран/а: проф. д-р Биљана Ангелова, редовен професор на Економскиот институт во Скопје, се наведува меѓу другото во Одлуката на Комисијата.

Реклама
Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов

Мандатот на ректорот, нагласува УИК, трае 3 години, почнувајќи од 16 септември 2026 заклучно со 15 септември 2029 година.

– Правата и обврските на ректорот се утврдени со Законот за високото образование, со Статутот и со другите акти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, се додава во Одлуката.

null

Против оваа Одлука и Записникот, незадоволните кандидати може да поднесат приговор согласно член 182 од Статутот на УКИМ до Универзитетската изборна комисија во електронска форма на е-адресата: [email protected] и во архивата на Универзитетот во рок од три работни дена, заклучно со 4.5.2026 година.

Ангелова, како што се наведува во Записникот освоила 2924,125 поени, а д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, освоил 2675,875 поени.

Се гласаше на 23 факултети и на пет института во состав на УКИМ. Гласањето започнало и завршило во предвиденото време, а според доставените записници и извештаи на Изборните комисии на единиците, не се констатирани неправилности и проблеми.

null

– Гласањето во целост е спроведено во согласност со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. За време на процесот на гласање на дел од единиците беа присутни овластените набљудувачи од еден кандидат за ректор. Според Избирачките списоци на единиците, запишани се вкупно 1.434 гласачи, се наведува во Записникот.

На денот на гласањето, за избор на ректор гласале 1.286 члена на Наставно-научните/Научните/Наставно-научните и уметнички совети. По извршеното гласање 148 гласачки ливчиња се неискористени и 59 се неважечки.

На веб-страницата на УКИМ минатиот вторник беа објавени програмите за работа на двајцата кандидати за ректор и нивните биографски и библиографски податоци.