Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Доживотна казна затвор за Денис Асанов која ја уби штипјанката Борјанка Николова

Доживотна казна затвор доби 74-годишниот штипјанец Денис Асанов, кој лани ја убил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доживотна казна затвор доби 74-годишниот штипјанец Денис Асанов, кој лани ја убил 79-годишната Борјанка Николова од Штип, по што го распарчил нејзиното тело. Дел од нејзиниот труп беше пронајден во дворот од неговата куќа, а останатите делови од телото не беа пронајдени, иако полицијата, заедно со штипското комунално претпријатие „Исар“ извршија претраги и на депонијата „Трештена скала“ во Штип. Судијката, Јулијана Недкова денеска во Основниот суд во Штип го огласи за виновен Асанов и ја објави пресудата. 

Во завршните зборови обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип побара казна согласно законот, бидејќи 74-годишниот Денис Асанов ја убил 79-годишната Борјанка Николова, а пак неговата одбрана тогаш побара ослободителна пресуда и тврдеше дека Асанов е невин. 

Според Обвинителството, Асанов го извршил  грозоморното убиство на жена, при што на еден монструозен и немилосрден начин ја убил оштетената и со остар предмет и ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место.

Реклама

Според бранителката Елизабета Панева доказите не се доволни и не даваат јасна слика за тоа како е извршено злоделото. Во завршните зборови посочи дека отсуствуваат докази, со што се отвара простор за сомнеж во вината на обвинетиот. Таа побара домашен притвор и ослободителна пресуда за обвинетиот. 

Убиството е извршено лани, а по обдукцијата е утврдено дека жртвата Николова имала скршени осум ребра и тешки повреди на градниот кош, најверојатно од силен притисок. Телото било пронајдено по две недели по смртта.

Асанов лани пред истражните органи првично признал вина, но подоцна пред Судот ја смени изјавата, тврдејќи дека телото го пронашол во куќата.