Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Општина Берово доби средства за реализација на два инфраструктурни проекти во износ од над 3 милиони денари

Во Министерството за локална самоуправа денеска беа потпишани договори за реализација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за локална самоуправа денеска беа потпишани договори за реализација на два инфраструктурни проекти во Општина Берово, насочени кон подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на граѓаните.

Како што информираше градоначалникот Петар Ружински, станува збор за реконструкција на крак 1 и крак 2 од улицата „15-ти Корпус“

-За реализација на оваа активност се одобрени 2.677.646 денари, како и за оградување и партерно уредување на дел од локалниот пат „Берово – Абланица“ преку Црвен Брег, за што се обезбедени 443.539 денари, информираше Ружински.

Реклама

Средствата се одобрени од Министерството за локална самоуправа во рамки на Повикот за финансирање за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.

Ружински изрази благодарност до Министерството за локална самоуправа за поддршката и, како што посочи, препознавањето на потребите на општината.

– Со овие инвестиции продолжуваме посветено да ја унапредуваме инфраструктурата, преку побезбедни улици и патишта, поуредени јавни површини, подобра пристапност и поквалитетно секојдневие за сите граѓани, истакна Ружински.

Со реализацијата на проектите се очекува подобрување на безбедноста и условите за движење на жителите, како и унапредување на локалната патна инфраструктура во Берово.