Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Хоџа: Општина Тетово добива посебна единица за заштита на животната средина, останатите општини да го следат примерот

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска присуствуваше и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, денеска присуствуваше и се обрати на  форум на тема „Идентификација на еколошките приоритети на општина Тетово“. На форумот присуствуваше и  Билал Касами, градоначалник на Општина Тетово.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, на форумот беше соопштена и една значајна новина на локално ниво – Општина Тетово ќе биде првата општина која системски ќе пристапи кон оваа проблематика преку формирање на посебна единица посветена на заштитата на животната средина во рамките на локалната самоуправа.

– Ваков пример треба да следат и останатите општини, бидејќи националните политики кои ги создава Министерството се имплементираат на локално ниво и со посветеноста на локалната самоуправа. Само со координација меѓу централната и локалната власт тие ќе заживеат и ќе дадат ефект – посочил Хоџа во обраќањето.

Реклама

Во своето обраќање пред присутните, министерот Хоџа јасно порача дека времето на привремени решенија е завршено и дека фокусот е ставен на долгорочни и одржливи проекти.

– Тетово и тетовско отсекогаш се соочувале со сериозни еколошки предизвици кои траат со децении. Тоа е и причината зошто денеска нема да споделам пред вас некои привремени решенија. На Тетово му треба систем кој трајно ќе ги решава проблемите, но и ќе ги одржува решенијата за да не се враќаме постојано на истите грижи – истакнал министерот.

Како дел од конкретните чекори што ги презема централната власт, беше посочено воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад „Русино“, чија изградба започнува оваа година. Дополнително, за оваа година е најавен почеток на изградбата на пречистителната станица и надградбата на водоводниот систем на градот, додека заштитата на Шар Планина, континуирано се зајакнува.

Настанот обедини претставници на централната власт, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, а беше во организација на НВО „Мултикултура“ од Тетово, а со поддршка на Фондацијата Отворено Општество – Западен Балкан.