Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Пратеникот Демири учествува на седницата на Комисијата за социјален развој, образование, истражување и наука на ПС на ПСЈИЕ во Анкара

Пратеникот Илир Демири учествува на дводневната седница на Комисијата за социјален развој,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Илир Демири учествува на дводневната седница на Комисијата за социјален развој, образование, истражување и наука на Парламентарното собрание на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), во Анкара. Главна тема за дискусија на седницата е: „Употребата на вештачката интелигенција во образованието“.

Седницата била отворена со поздравен говор на претседателот на Комисијата, Рефик Озен, по што следело обраќање на заменик министерот за образование на Република Туркије, Билал Маџит.

Како што се посочува во соопштението од Собранието, на седницата биле презентирани предлог-извештајот и предлог-резолуцијата за употребата на вештачката интелигенција во образованието, по што се следела дискусија во која пратениците од парламентите учеснички во ПСЈИЕ ги презентирале своите ставови и искуства на овој план.

Реклама

Во своето обраќање, пратеникот Илир Демири истакнал дека вештачката интелигенција веќе е присутна во образовниот процес и претставува значаен потенцијал за подобрување на квалитетот, инклузивноста и достапноста на образованието. Тој нагласил дека Македонија ја препознава дигиталната трансформација како стратешки приоритет, при што вештачката интелигенција е интегрирана во рамките на националните политики, особено преку стратегијата SMART/MK 2030.

Демири посочил дека воведувањето на вештачката интелигенција во образованието се спроведува постепено, со посебен фокус на средното образование. Тој информирал за изработката на Водич за примена на вештачка интелигенција во образованието, кој е достапен за наставниците, учениците и пошироката јавност. Воедно, нагласил и дека се реализираат обуки за наставници и ученици, како и напредни програми за примена на вештачката интелигенција во наставата, а се зајакнува и соработката со приватниот сектор.

– Демири ја потенцираше потребата од воспоставување силна регулаторна рамка што ќе обезбеди безбедна, транспарентна и етичка употреба на вештачката интелигенција, со цел еднаков пристап за сите и унапредување на општеството во целина – се посочува во соопштението.

Се очекува на крајот од седницата пратениците да ги усвојат предложените извештај и резолуција. Предвидена е и посета на Центарот за инкубација и иновации за образовни технологии (ETKIM), кој е основан од Генералниот директорат за иновации и образовни технологии на Министерството за образование и има за цел да го зајакне системот на образовни технологии преку обединување на претприемачите, истражувачите, едукаторите, студентите и организациите за поддршка.