Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е упорна во предавството и рушењето на државните позиции, ако не помага, барем да не прави штета

Додека се обидуваат да создадат слика за „изолација“, во СДСМ целосно го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека се обидуваат да создадат слика за „изолација“, во СДСМ целосно го игнорираат она што е суштината: Македонија конечно има јасна, државничка позиција дека нема повеќе отстапки без гаранции, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е лекција научена од 30 години погрешна политика.

Не може секоја нова фаза од европскиот пат да значи ново понижување, нов услов, нова уцена.

Реклама

Европа не е тоа.

Затоа денес позицијата е јасна: уставни измени без гаранции и предвидливост, нема да има.

Тоа што СДСМ го нарекува „блокада“, всушност е прв обид државата да постави правила во процес што со години беше еднострано диктиран.

А вистинската тема од која СДСМ бега е друга:

1. Зошто по толку „историски договори“ Македонија сè уште е заглавена?

2. Зошто нивната политика не донесе предвидлив европски пат?

3. Зошто граѓаните не видоа резултати?

Одговорот е непријатен за нив и затоа го избегнуваат.

Само Македонија е ставена во позиција да преговара за идентитетски прашања надвор од Копенхашките критериуми.

Само Македонија има процес што постојано се менува во тек.

Само Македонија нема јасна временска рамка.

И токму затоа се бараат гаранции. Не за политички поени, туку за државата.