Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Народниот правобранител за случајот на врсничко насилство отвори предмет по сопствена иницијатива, бара и итна институционална реакција

Народниот правобранител изразува длабока загриженост по повод информациите во јавноста за случај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народниот правобранител изразува длабока загриженост по повод информациите во јавноста за случај на сериозно врсничко насилство извршено од група ученици врз нивна соученичка, кој содржи елементи на физичко и психичко малтретирање, понижување и деградирачко постапување.

Од институцијата оценуваат дека ваквите настани претставуваат тежок облик на повреда на правата и достоинството на детето и укажуваат на сериозни слабости во системот на превенција и заштита од насилство во образовните установи.

Според достапните информации, иако надлежните институции презеле одредени активности, народниот правобранител во денешното соопштение укажува дека формалното постапување не е доволно.

Реклама

– Неопходно е да се обезбеди целосна, навремена и координирана заштита на детето жртва, како и да се утврдат сите околности и евентуални пропусти во постапувањето на надлежните субјекти – велат од канцеларијата на народниот правобранител.

Особено се нагласува потребата од спречување на секундарна виктимизација на детето преку внимателно и стручно постапување, избегнување повеќекратни сослушувања и заштита на приватноста и достоинството на жртвата.

Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива и ќе побара детални информации од училиштето и другите надлежни институции за тоа дали биле преземени сите потребни мерки за превенција и навремена заштита, дали постоеле претходни индикации за насилство и како било постапено по нив, како се обезбедува тековната заштита и поддршка на детето жртва и дали се преземаат соодветни мерки во однос на сторителите.

Воедно, народниот правобранител упатува апел за поголема родителска одговорност и грижа за децата имајќи предвид дека воспитната и заштитната улога на семејството е клучна во спречувањето на насилното однесување. Родителите, како што се посочува во соопштението, имаат обврска активно да го следат однесувањето на своите деца, да препознаваат ризици и навремено да реагираат.

Истовремено, се укажува на значајната улога на центрите за социјална работа како органи надлежни за заштита на правата и најдобриот интерес на детето. Потребно е овие институции да постапуваат поактивно, навремено и координирано, преку преземање мерки за поддршка на семејствата, работа со децата во ризик и спречување понатамошни штетни последици.

– Заштитата и грижата за децата мора да биде сеопфатна, континуирана и заснована на заедничка одговорност на сите фактори во општеството – се наведува во соопштението.

Воедно, народниот правобранител апелира до надлежните институции да постапуваат со највисок степен на итност и одговорност имајќи го предвид најдобриот интерес на детето како водечки принцип.

– Безбедноста на децата не смее да се сведе на формално исполнување на обврските, туку мора да значи реална, ефективна и суштинска заштита – се потенцира во соопштението.

Народниот правобранител, како што се наведува во соопштението, ќе продолжи внимателно да го следи случајот и навремено ќе ја информира јавноста за утврдените наоди и преземените активности.