Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ЕСЕ: Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка

Жени во Македонија и понатаму умираат од болест што може да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жени во Македонија и понатаму умираат од болест што може да се спречи –  рак на грлото на матката. Бројките се алармантни секоја година заболуваат околу од 150 до 200 жени, а дел од нив ја губат битката поради задоцнета дијагноза. Наместо 75 проценти од женската популација на скрининг за канцер на грло на матка одат само една третина покажува извештајот на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост, според нив, уште полошо е што од ден на ден интересот не расте туку опаѓа.

Според лекарите имунизацијата спречува појава на карцином. Достапна е деветвалентна ХПВ-вакцина, и колку е поголем опфатот на вакцинација толку помала ќе биде смртноста од болеста.

Од здружениот ЕСЕ велат дека главниот и најчест проблем за слаб одзив за скининг и вакцинација е комбинацијата од недоволна информираност, страв, срам, но и слаб систем на повикување и следење на пациентките. Дел од жените никогаш не добиле покана за преглед, а дел едноставно го одложуваат.

Реклама

Само во 2025 година има 122 нови случаи со рак на грло на матка, најмладата пациентка има 18 години.Во Македонија годишно во просек умираат околу 70 жени од овој карцином.