Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Амандманска расправа за предложените измени на Законот за минерални суровини

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика попладнево ја продолжи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика попладнево ја продолжи расправата по предложените измени на Законот за минерални суровини по скратена постапка, а во досегашниот дел од расправата не беше прифатен ниту еден од амандманите од пратениците од Левица.

За Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка,  поднесени од владејачкото мнозинство, пратениците од Левица поднесоа над 500 амандмани. На дневен ред на Комисијата е и Предлогот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, по скратрена постапка.  

Пратеничката од Левица Јована Мојсоска во расправата кажа дека алармираат оти институциите немаат капацитет за спроведување надзор, дека се потребни системски измени на законот, а не како што ги нарече „бенигни“. Таа се повика на делови од извештајот на Државниот завод за ревизија за кои рече дека со години се провлекуваат и им овозможуваат на приватните концесионери да профитираат на сметка на загадување на животната средина, нема доволно инспекциски надзор, надлежните институции не обезбедуваат подготвеност за остварување на оптимална искористеност, нема целосна подготвеност за управување со минералните суровини. Во образложението на дел од амандманите рече дека отсуствува воспоставениот систем на плаќање на концесиските надоместоци, нема размена на информации меѓу институциите, дека државата е во загуба, дел од институциите немаат доволно кадар. Мојсоска посочи дека новото министерство само ги презело ингеренциите од економија, без да воведе суштински систем. Претседателот на Комисијата и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски како еден од предлагачите на измените на законот кажа дека и тој се согласува со забелешките на ревизија, но дека сега има нов податок во кој наведе за наплата на концесиски надомест и споредбата 2024-2025 година е дека процентот на зголемување на наплатата на концесиски надоместок од 2024 од 25-та е пораснат за 218 проценти што укажува дека претходно не се наплаќала концесијата.

Реклама

Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ очекува Левица да ги подржи измените и тој се согласува со ревизорските извештаи, укажувајќи дека законот не се однесува на приватните концесионери, туку на претпријатија во државна сопственост. Пратениците кажаа дека ги разбираат стравувањата на Левица водени од претходните искуства, но нагласија дека измените се однесуваат само на јавни претпријатија. Мојсоска реплицираше дека ќе се загади животната средина како случајот во Струга кога водата за пиење беше загадена, бидејќи немало одредба со која се забранува ископи во населени места.

Пратеникот од Социјалистичка партија Малиша Станковиќ рече дека се одземени дозволите на концесионери и дека до 22 август 2025 година констатирано е дека Владата еднострано раскинала 34 концесии по наводите на Државниот завод за ревизија. Тој кажа дека системот проработува за разлика од претходно.

Пратениците од власта кажаа дека досегашната дебата се фокусира на оние кои копаат без договори за концесија, но минерални суровини, а не за рудници за кои се потребни милиони за отворање. Дебатата продолжи поради објавите на Левица на социјалните мрежи за кои пратениците од власта кажаа дека немаат допирни точки со предложените измени. По тензичната расправа беше објавена пауза.