Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Потенцијал во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмер: Патент на годината 2025 за Фармацевтскиот факултет при УКИМ

Државниот завод за индустриска сопственост, денеска, по повод Светскиот ден на интелектуалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за индустриска сопственост, денеска, по повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, 26 Април, му додели признание Патент на годината 2025 на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) за пронајдокот „Кумарин-1,2,3-триазол-изатин хибридни молекули и нивна примена“ во областа на медицинската хемија.

Пронајдокот се однесува на развој на нови хибридни хемиски соединенија со потенцијална примена во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмерова болест. Резултат е на научноистражувачката работа на проф. д-р Ана Поцева-Пановска и доц. д-р Александар Димковски, реализирана во рамките на истражувачките активности на Фармацевтскиот факултет.

null

Според ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, ова е воедно и прв патент на УКИМ во областа на медицинската хемија.

Реклама

– Овој прв патент во областа на фармацијата и медицинската хемија е повеќе од научно достигнување. Тоа е потврда за посветеноста, знаењето и за визијата што се негуваат во нашата академска заедница. Патентот отвора нови хоризонти во истражувањето и третманот на невродегенеративните заболувања, вклучително и Алцхајмеровата болест – предизвик со кој се соочува современото општество на глобално ниво. Овој патент не е само прв за Фармацевтскиот факултет, туку е и важен чекор за УКИМ во целина. Ја потврдува нашата научна зрелост и ја зајакнува нашата позиција како институција која активно учествува во создавањето иновативни решенија со реален општествен импакт. Нашата мисија останува јасна, да создаваме знаење што ќе му служи на општеството и ќе придонесува за подобра иднина – истакна ректорката во обраќањето.

Според директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Елјеса Незири, идеите на истражувачите не само што носат напредок туку и инспирираат нови генерации да создаваат и да градат подобро и поиновативно општество.

null

– Секоја година на овој ден Меѓународната заедница го одбележува Светскиот ден на интелектуалната сопственост, посветен на препознавање на суштинската улога на интелектуалната сопственост во поттикнувањето на креативноста и иновациите. Во 2026 година темата од Светската организација за интелектуална сопственост е интелектуална сопственост и спортот. Оваа тема ја истакнува моќта на интелектуална сопственост како двигател на развојот на светот на спортот преку развој на нови технологии и опрема до инспиративни брендови и дизајни – рече Незири. 

Како што појасни проф. д-р Поцева-Пановска образложувајќи го пронајдокот, развиените соединенија дејствуваат како инхибитори на ацетилхолинестераза и бутирилхолинестераза, ензими што имаат клучна улога во регулацијата на невротрансмитерот ацетилхолин. Пронајдокот се базира на современ пристап во медицинската хемија, односно дизајн на мултитаргет молекули, кои овозможуваат истовремено дејствување на повеќе биолошки цели. Овој концепт е особено значаен во развојот на нови терапии за комплексни заболувања, како што се невродегенеративните болести.

null

Пронајдокот и спроведењето на истражувањето на Фармацевтскиот факултет отвора нови перспективи во развојот на терапии за невродегенеративните заболувања и поставува темел за идни научни и технолошки достигнувања.

– Се очекува ваквите резултати да придонесат за поголема меѓународна видливост на македонската наука и да отворат можности за нови соработки со истражувачки и индустриски партнери. Овој успех јасно покажува дека со знаење, посветеност и визија научните идеи може да се трансформираат во решенија со потенцијал за идни развојни и применливи резултати. Во моментот нашето истражување е во претклиничка фаза. Следните чекори се насочени кон продлабочување и проширување на истражувањето. Крајната цел е овие соединенија да прераснат од лабораториски резултат во реална терапевтска опција за пациентите – рече д-р Поцева-Пановска во рамките на манифестацијата „Патент на годината 2025“.