Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Геријатрија доби сертификат за акредитација во важност од пет години

Сертификат за акаредитација во важност од пет години денеска ѝ беше доделен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сертификат за акаредитација во важност од пет години денеска ѝ беше доделен на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи.

Директорката на Геријатрија, Ленче Нелоска се заблагодари до АКАЗУМ за континуираната соработка и укажување на сè она што може да го подобрат. 

-Огромна благодарност до вработените коишто секојдневно ја работат работата и ги спроведуваат тие процедури и, можеби најголема благодарност на тимот којшто работеше на овој последен процес на акредитација, затоа што верувајте, доколку немате тим на луѓе коишто се посветени на самиот процес, не можете да направите ништо. И најдобрата идеја да ја имате, ако нема неколку добри луѓе коишто ќе се согласат со тоа и ќе го спроведат тоа, не може да има успех – посочи Нелоска во изјавата за медиуми.

Реклама

Таа додаде дека уште повеќе и е драго што ,,акредитацијата во оваа институција не е мртво слово на хартија, туку е нешто коешто живее секојдневно со нашата рутинска работа”.

-Не смееме да си дозволиме промашувања, невниманија, туку мораме сè повеќе и повеќе да се подобруваме за да продолжиме во оваа насока, за нашите пациенти загарантирано да ја имаат најдобрата можна грижа – рече меѓудругото, Нелоска.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, исто така, изрази задоволство од денешниот настан.

-Да искажам голема благодарност до менаџментот за посветеноста, за видливите резултати и за она што значи визија и тоа како треба да се развива овој центар во иднина – рече градоначалникот.

На настанот беше нагласено дека установата врши болничка здравствена дејност и специјалистичко – консултативна здравствена дејност на секундарно ниво од областа на геријатриската и палијативната медицина, и е единствена јавна здравствена установа за долготраен престој во нашата држава.

Како што појаснија, во повеќе области се евидентирани значајни достигнувања на здравствената установа, особено во делот на управување со ризици, контрола на интрахоспиталните инфекции, заштита на личните податоци, воспоставени ефикасни системи за евиденција, следење и анализа на несакани случувања и систем на безбедно управување со медицински отпад, континуирана посветеност кон унапредување на квалитетот, преку донесување и имплементација на стратешки документи, планови и процедури, како и преку организирање практични активности, вклучително и симулациски вежби за постапување во вонредни состојби, подигнување на нивото на задоволство на пациентите и вработените, поттикнување на научно-истражувачката работа од областа на геријатриската и палијативната медицина, континуирана едукација на медицинскиот кадар.

– Ова е четврти по ред циклус на акредитација за оваа здравствена установа, по претходно успешно спроведени три акредитациски циклуси со важност од по три години. Согласно спроведеното надворешно оценување, здравствената установа има воспоставено функционален, структуриран и во значителна мера, усогласен систем на работа со стандардите за квалитет и безбедност на здравствените услуги – изјавија од установата.

Беше истакнато дека постигнатите резултати укажуваат на висок степен на посветеност на раководниот тим и вработените, како и на развиена култура на квалитет на здравствените услуги, безбедност на пациентите и професионална одговорност.

-Раководството на установата, предводено од директорот, докажа проактивен и стратешки пристап кон унапредување на инфраструктурните услови и вкупното функционирање на болницата. Во таа насока, иницирани се конкретни активности за модернизација и подобрување на просторните капацитети, со посебен акцент на амбулантскиот дел, со цел подобрување на пристапноста и квалитетот на здравствените услуги. Акредитацијата на здравствените установи, се спроведува согласно член 240 од Законот за здравствената заштита, како постапка на оценување на работата на здравствените установи врз основа на примена на оптимално ниво на однапред утврдени национални стандарди за работа на здравствените установи – додадоа од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.