Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Наскоро на Влада, изградба на Центар за хронични рани и гангрени, најави директорката на Геријатрија, Ленче Нелоска

Набргу на Влада треба да помине проект за изградба на центар за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Набргу на Влада треба да помине проект за изградба на центар за хронични рани и гангрени – најави директорката на Геријатрија, Ленче Нелоска. 

Таа вели дека се среќни што, како што истакна, еден стар проект, кој бил замрзнат, повторно е актуелен.

– Очекуваме набргу да помине на Влада изградба на центар за хронични рани и гангрени. Со изградба на ваков објект, кој треба да биде овде (кај што се овие стари бараки), објект на приземје и два ката… На приземјето планирани се 18 амбуланти, во кои ќе бидат застапени сите наши дејности и методи и консултативни амбуланти. На вториот кат планирани се 80-ина геријатриски кревети, со што ќе се зголеми капацитетот (значи, тоа е нешто најбрзо што може да биде да кажам). А на вториот кат ќе има уште 20-ина геријатриски кревети, меѓутоа планирана е и операциона сала со четири кревети за интензивна и 12 кревети за постинтензивна нега за пациенти со гангрена – појасни таа. 

Реклама

Со тоа, истакна, ќе се реши проблемот во земјава со пациентите со гангрена.

-Сите хируршки одделенија низ Македонија ќе бидат ослободени од пациенти со гангрена, затоа што знаеме – ако се влезе со гангрена во сала, тогаш два дена таа сала мора да се исфрли од употреба, да се исчисти, за да дојде следен пациент. Е сега, откако ќе се направи овој центар, пошто гангрената е елективна проблематика, ќе може да се договара сето тоа, сите пациенти да добијат благовремено услуга, а за сметка на тоа, останатите сите хируршки болници низ Македонија ќе можат рутински да си ја работат онаа работа којашто им е предвидена- подвлече таа.

Додаде дека се надева оти следната средба овде ќе биде на поставување камен-темелник за изградба на Центарот.