Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Портокалов ден во Градскиот парк по повод Денот на кралот на Холандија

Просторот околу Холандскиот лавиринт и ридот спроти „Школка“ во Градскиот парк денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просторот околу Холандскиот лавиринт и ридот спроти „Школка“ во Градскиот парк денеска од 10:00 до 13:00 часот ќе биде исполнет со портокалови активности по повод Денот на кралот на Холандија. Настанот е во организација на Биди Зелен (GoGreen) и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.

Како што се наведува во соопштението на Биди Зелен во рамки на настанот ќе се реализираат повеќе еко и креативни активности.

Предвидена е еко-разменотека (по пример на холандскиот Vrijmarkt), односно посетителите можат да донесат  книги, аксесоари, спортска опрема или лични предмети и да ги заменат за други, со што се  поттикнува продолжување на нивниот животен век.

Реклама

Ќе се одржи и натпревар за накитени велосипеди: ученици од скопските средни училишта ќе  учествуваат со креативно декорирани велосипеди на теми што ги поврзуваат двете земји,  користејќи рециклирани материјали.

Ќе има и лов на богатство за деца, интерактивна активност во Холандскиот лавиринт наменета за  најмалите посетители.

Планирано е и садење цвеќиња, како заедничка акција за разубавување и позеленување на паркот, при што  секое засадено цвеќе претставува мал придонес кон поздрава околина.

Дополнително, како што се наведува во соопштението, сите посетители кои ќе донесат сопствена амбалажа за пијалок ќе добијат бесплатен  пијалак од Вело Кафе, како дел од иницијативата за намалување на отпадот и поттикнување одржливи навики.

-Со Портокаловиот ден сакаме да ги поврземе заедницата, креативноста и грижата за животната  средина преку активности што се забавни, едукативни и одржливи – истакнуваат организаторите.

На настанот изјави за медиуми ќе дадат амбасадорот на Холандија Узлем Џанел, градоначалникот на  Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и Дарко Арсовски Петровски од Биди Зелен.