Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

„Експедиција низ срцето на Илинден 2026“ обедини стотици велосипедисти и планинари

Во Општина Илинден и оваа година успешно се реализираше традиционалниот спортско-рекреативен настан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Илинден и оваа година успешно се реализираше традиционалниот спортско-рекреативен настан „Експедиција низ срцето на Илинден“, кој прераснува во препознатлива манифестација што обединува стотици љубители на спортот и природата од целата држава, соопшти Општината. 

 Во организација на МТБ Илинден и под покровителство на Општина Илинден, на настанот годинава учествуваа над 300 велосипедисти и повеќе од 150 планинари, што, посочува Општина Илинден,  претставува показател за зголемениот интерес и масовноста на оваа манифестација.

-Програмата опфати оф-роуд велосипедска тура во должина од околу 40 километри, низ населените места Ајватовци, Бучинци, Мршевци, Дељадровци, Миладиновци, Бујковци, Бунарџик и повторно Ајватовци, како и планинарска тура на релација Ајватовци – Бучинци – Ајватовци, во вкупна должина од 15 километри, со посета на Бучинско Езеро, се наведува во соопштението ан Општина Илинден. 

Реклама

Официјалниот почеток на турите го означи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој во обраќањето ја нагласи важноста на ваквите настани, како двигатели на спортската култура и активниот начин на живот.

-Тој истакна дека Општината останува посветена на континуирана поддршка на иницијативи кои ги поврзуваат граѓаните преку рекреација, заедништво и директен контакт со природата, овозможувајќи им на учесниците не само спортски предизвик, туку и можност да уживаат во природните убавини на општина Илинден. „Експедиција низ срцето на Илинден 2026“ уште еднаш ја потврди својата улога како значаен настан што придонесува за промоција на здрави животни навики, развој на спортскиот дух и подигнување на свеста за заштита на животната средина. Општина Илинден и во иднина ќе продолжи да вложува во ваквите настани, препознавајќи ги како важен сегмент во унапредување на квалитетот на живот на граѓаните,  се наведува во соопштението.