Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Петрушевски: Филипче, на кој дома му е во Дубаи, не може да зборува за патриотизам и државни интереси

Филипче, на кој дома му е во Дубаи, не може да зборува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче, на кој дома му е во Дубаи, не може да зборува за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија, рече на прес-конференција  Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, наведува во соопштение на партијатa.

Секој ден сведочиме дека Венко Филипче е слуга на Зоран Заев. Зошто? Затоа што само бара изговори, бега од теми како реформската агенда, само за да му поминува бизнисот на газда Заев.

Наместо поддршка за реформи, за законски измени, како оние секој пратеник да има само македонско државјанство, тие обвинуваат.

Реклама

И тоа кој обвинува? Лица кои се дел од СДСM, чиј самонарачен претседател, а реално слуга на Заев, Филипче, дома му е Дубаи и Обединетите Арапски Емирати.

Почитувани, јасно е дека Филипче и неговиот газда Заев, се само пример за лоши политичари со погрешни приоритети.

Токму тие двајца го водеа системот кога СДСM беше на власт, а на граѓаните им ветуваа правда, подобар живот, европска иднина. А, на што сведочеа граѓаните? На корупција, криминал, правосуден систем кој функционира по нивни диктат и, секако, многу лаги од типот почнавме преговори со Брисел, а почетокот не беше ни на повидок. Токму тие кои сега сакаат да зборуваат за патриотизам и државни интереси распродадоа сè.

По создавањето на вакви проблеми, тешко е враќањето на вистинскиот пат.

Но, државата сега ја води ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, кои се тука за секој еден граѓанин. Ако Филипче продолжи да го следи слепо патот кој му го трасира Заев, само ги попречува демократските процеси, а воедно и напредокот на Македонија.