Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Меморијален планинарски марш до Китка во чест на Љупчо Меловски

Македонското еколошко друштво во соработка со Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското еколошко друштво во соработка со Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово денеска го организира шестиот Меморијален марш „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“.

Искачувањето кон врвот Китка претставува средно тешка планинарска тура која почнува во 7.30 часот од селото Горно Количани, општина Студеничани, на надморска височина од 750 метри. Околу 9.30 часот се очекува групата да пристигне кај спомен-плочата посветена на проф. д-р Меловски, по што се продолжува низ шумски појас до планинарскиот дом „Китка“. Пристигнувањето на врвот Китка, на 1568 метри надморска височина, е планирано за 11.30 часот. 

– Со оглед на тоа што станува збор за патека долга 18 км, при што во еден правец се искачуваат околу 700 метри во период од 4 часа, сите учесници треба да бидат во добра здравствена и психофизичка кондиција и да имаат соодветна планинарска опрема за пролетни услови. Исхраната е во сопствена режија, индивидуално предвидена за планинарска тура до 8 часа. Македонското еколошко друштво и Планинарскиот клуб „Љуботен“ не одговараат за последиците кои би се случиле надвор од оваа програма, велат организаторите.

Реклама

Меловски беше научник, професор и вљубеник во планините. Тој беше и долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво и активен член и поддржувач на ПК „Љуботен“.