Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Пролетен ден во Зоолошката градина

Голем број граѓани денеска го искористија убавото сончево време за да ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем број граѓани денеска го искористија убавото сончево време за да ја посетат Зоолошката градина во Скопје, која оваа година одбележува сто години од постоењето и која е најстара на Балканот.

Одбележувањето на стогодишнината почна минатата недела со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Даела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и многу други.    

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓеорѓиевски минатата недела изјави дека одбележувањето ќе трае во текот на целата година и најави процес на реконструкција на старите живеалишта на животните, како и кампања преку која и јавни личности ќе можат да се вклучат и да грижат за животните. 

Реклама

Зоолошката градина Скопје е формирана во 1926 година, од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман, биолог и доктор по зоологија од Сараево. Истата 1926 година е предложено денешното место за локација на Зоолошката градина. Во тоа време опфаќала 4 (четири) хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни, кои претежно биле добиени како подарок од други зоолошки градини и поединци. Во исто време биле отворени и Природно-научниот музеј, а тие извесен период функционирале како една организација, биле изградени и Градскиот парк и Ботаничката градина. Со ова Скопје станал првиот град во тогашните Балкански простори, кои имале ваква природно-научна и зоо структура.