Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Вреди: Законот за високото образование ги одразува барањата на албанските универзитети

Реформата во високото образование не се прави со политичка ароганција ниту со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформата во високото образование не се прави со политичка ароганција ниту со наметнати одлуки. Таа се прави со слушање на студентите, професорите и институциите кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на високото образование, наведува Вреди во соопштение.

Токму затоа, ВЛЕН го избра патот на консултација. Ги слушнавме академската заедница и албанските универзитети. Затоа денес можеме да кажеме дека најголемиот дел од нивните предлози се одразени во конечниот текст на законот.

Ова има тежина, бидејќи ја истакнува разликата меѓу оние кои со години наметнуваа наводни решенија одозгора, без да слушаат никого, и ВЛЕН кој слуша, коригира и презема одговорност, како што му доликува на едно демократско општество.

Реклама

Едно од главните достигнувања е укинувањето на Х-индексот како основен критериум за оценување на академскиот кадар. Исто така, гарантираме дека ниту еден вработен нема да го изгуби своето работно место. Напротив, законот отвора повеќе простор за професионален развој и академско напредување.

По измените од 2018 година, кои се покажаа како нефункционални, сега се прават потребните корекции за високото образование да биде поквалитетно и поблиску до потребите на студентите и пазарот на трудот.

За ВЛЕН студентот е во центарот, универзитетот е основа на развојот, додека албанското образование останува национален приоритет.