Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Штипските студенти и пратениците дискутираа во рамки на Парламентарниот караван 2026

Парламентарниот караван 2026 денеска тргна од штипскиот Правен факултет при Универзитетот „Гоце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парламентарниот караван 2026 денеска тргна од штипскиот Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“. Пратениците во македонското Собрание имаа директна комуникација и дебатираа со студентите. Според деканката на правниот факултет, Билјана Тодорова, изборот на факултетот како домаќин претставува признание за улогата на академската заедница во поттикнување на младинско учество и развој на критичка мисла. 

-Гости на факултетот се парламентарни представници, кои што пред студентите ќе го представат начинот на работење на Собранието и ќе се вклучат во директна дискусија со студентите, ќе одговараат на нивните прашања. Фактот што сме избрании како домаќин на овој настан е голема потврда за придонесот што го прави академската заедница кон поттикнување на младинското учество и креирање на критичка мисла кај младите-изјави Тодорова.

Пратеникот во македонското Собрание Душко Иванов изјави дека присутните активно дискутираа и предложија идеи за измени и дополнувања на одредени закони, што ја направи средбата успешна и продуктивна. 

Реклама

-Оваа година имаме отворени средби со студентите, мене ми е посебна чест дека почнуваме од Штип, почнуваме од Универзитетот „Гоце Делчев“, во организација на парламентарниот институт заедно со УГД, Правниот факултет, направивме една средба која што мислам дека помина добро, имаше интерес и од самите студенти и ги интересираше работата на законодавниот дом, начинот на постапката на нови закони, на измени и дополнувања на одредени закони, деловникот за работа во Собрание, како се работи во Собрание, имаше и идеи за некакви измени и дополнувања на некој закони. Така да можам да заклучам дека имавме една одлична средба со младите, со студентите-рече Иванов.

 Пратеникот Благој Бочварски истакна дека ваквите средби со студенти и млади луѓе ќе продолжат во осум градови низ државата. 

-Сметам дека Штип треба да биде лидер на ваков тип дискусии и дебати, кој што е политички, културен, но и историски центар на државата и ми беше драго што можев да споделам нови мислења со младите студенти. Имаше доста добри дискусии, разговаравме за студентското здружување, кое што тие го имаат за можностите, да можат што е можно повеќе општествено да се активираат и да го дадат својот максимум во тој дел, дали тоа ќе биде здружување во здруженија на граѓани во политички партии, во нивните студенстки здруженија, секако е важно за подобрување на целокупното општество-изјави Бочварски. 

Студентите потенцираа дека ваквите средби придонесуваат за градење доверба и подобро разбирање на демократските процеси кај младите. Воедно беше истакнато дека ваквите иницијативи треба да станат редовна пракса со цел да се поттикне поголема граѓанска вклученост и одговорност.