Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска беше во работна посета на Општина Желинo при што со градоначалникот Блерим Сејдиу, разговараше за моменталната економска состојба, поддршката на Владата за инфраструктурни проекти во општините, конкретната поддршка на Министерството на бизнисите и граѓаните.
Двајцата функционери заедно посетија неколку успешни бизниси во Желинo.
Министерот посочи дека преку Законот за поддршка на инвестициите и други институционални инструменти во Желино се создадени подобри услови за развој, проширување на капацитетите и отворање нови работни места.


– Преку Оперативниот план за 2025 година, покрај другите мерки, беше овозможено самовработување на илјадници граѓани. Само во Желино, околу 20 грантови се доделени на граѓани и бизниси, вклучувајќи самовработување, субвенции за плати и други активни мерки. Ова покажува дека мерките не остануваат само на хартија, туку стигнуваат до луѓето и компаниите на терен, изјави министерот.
Тој најави дека тоа ќе продолжи со Оперативниот план за вработување за 2026 година, кој предвидува околу 40 милиони евра за поддршка на самовработувањето и други активни мерки за вработување.

-Министерството за економија и труд ќе продолжи да биде блиску до бизнисите и граѓаните, со активни мерки и политики што гарантираат подобрување на благосостојбата, економската клима и развојот, рече министерот Бесар Дурмиши.
Градоначалникот Сејдиу посочи дека овие средби се доказ за заедничка посветеност за поддршка на сите локални бизниси и за создавање подобри услови за развој и вработување во општината.
