Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ има конзистетен став – ако сметаме да градиме држава врз цврсти темели потребно е да се укине техничката влада

„Ако сметаме да градиме држава врз цврсти темели, истите овие ликови кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ако сметаме да градиме држава врз цврсти темели, истите овие ликови кои денес велат дека се против пржинска влада, особено тука мислам на колегите од Социјалдемократскиот сојуз, истите кога беа власт го говореа спротивното. За разлика од нив, ние како ВМРО-ДПМНЕ со конзистентен став сме биле и како опозиција, сме поднеле предлог за да се укине оваа пржинска влада, и денес еве сме власт и повторно велиме“, истакна Дафина Стојаноска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Дневникот на една од телевизиите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноска се осврна на актуелната тема за укинување на техничката влада и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција поднеле предлог за да се укине техничката влада, но и денес од позиција на власт. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има конзистетен став, потенцирајќи дека ако сметаме да градиме држава врз цврсти темели потребно е да се укине техничката влада.

„И за да не бидеме сфатени дека сакаме веднаш на следни избори, што значи убедена сум дека не би и одговарла на опозицијата, бидејќи пржинската влада е да се вклучат дел од опозиционерите, како заменици, дополнителни министри итн. Велиме со овој предлог на закон, доколку се одвиваат до 2032 година само редовни избори, дококу нема вонредни, нели тие во 2028 година парламентарни коишто би требало да следуваат како редовни, туку ова да почне да се применува, значи без пржинска, без привремена влада од 2032 година на парламентарните избори“, децидна е пратеничката Стојаноска.