Реклама
Македонија

Општина Велес со поддршка на седум матуранти за упис на Технолошко-техничкиот факултет во Велес

Градоначалникот Марко Колев потпиша Меморандум за соработка со Технолошко-техничкиот факултет во Велес,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Марко Колев потпиша Меморандум за соработка со Технолошко-техничкиот факултет во Велес, со кој меѓудругото се предвидува финансиска поддршка за матуранти на овој факултет.

Колев информира дека со овој Меморандум се воспоставува долгорочна научна-стручна, образовна и апликативна соработка помеѓу двете страни.

-Со оваа поддршка како општина придонесуваме за развој на формалното образование и обезбедување на можност за студирање, потенцира Колев.