Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Мисајловски ги отвори билатералните одбранбени консултации со САД – ги зацврстуваме македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ги отвори редовните македонско-американски билатерални одбранбени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ги отвори редовните македонско-американски билатерални одбранбени консултации, на кои заедно со заменик-помошникот секретар за војна Дејвид Бејкер и американската делегација се разговараше за регионалната безбедност, модернизацијата на Армијата и продлабочувањето на стратешкото партнерство.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ги отвори редовните македонско-американски билатерални одбранбени консултации, на кои заедно со заменикот-помошник секретар за војна Дејвид Беј

– Нашите билатерални одбранбени односи во изминатите повеќе од три децении се на многу високо ниво и ви благодарам за одличната соработка. Посветената поддршка од Соединетите Американски Држави, како и Амбасадата во нашата земја, придонесоа во изградбата на капацитетите и способностите на македонската Армија – истакнал министерот.

Во моментот, како што нагласил Мисајловски, во фаза на имплементација се повеќе договори со САД за набавка на разна опрема, која е во согласност со НАТО-целите на способности.

Реклама

Министерот се осврнал и на инвестирањето во одбраната, при што посочи дека одбранбениот буџет расте и дека државата има план за достигнување заеднички договореното ниво од инвестирање на 3,5 проценти од БДП во одбранбениот буџет и 1,5 отсто од БДП во активности и проекти поврзани со одбраната до 2035 година.

Тој посочил дека процесот на измена на стратешките документи и планови е почнат, што е клучно за идниот развој на одбранбените капацитети, кои ќе овозможат засилување на борбената готовност како гаранција за безбедноста на земјата и цврстината на колективната одбрана на алијансата.

Заменик-помошникот секретар Бејкер нагласил дека САД ја препознаваат посветеноста на Владата во исполнувањето на целите во рамките на НАТО 3.0 вклучувајќи ги заложбите од самитот во Хаг, грижата за регионалната безбедност, како и за развој на одбранбената соработка. Тој додал дека овие разговори се можност за иницирање нови правци во партнерството, кои ќе придонесат за навремен одговор на предизвиците.

Заменик-шефицата на мисијата во Амбасадата на САД, Никол Варнс, потенцирала дека денешните разговори ќе придонесат за идентификување нови конкретни можности за соработка и дополнителен развој на интероперабилноста.

На билатералните консултации се обратил и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој посочил дека целата досегашна и идна соработка ни дава можност за исполнување на нашите цели и задачи, како и за развој на борбената готовност на Армијата.

Билатералните одбранбени консултации се реализираат само две недели по стратешкиот дијалог помеѓу двете земји реализиран во Вашингтон, САД, каде што беше потврдена заемната посветеност на развојот на блиски стратешки односи во сите сфери.