Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Реализација на офанзивни тактички операции во „Блесок 26“ со тековно учество на оценувачкиот тим и НАТО-монитори

На армискиот полигон Криволак вежбата „Блесок 26“ продолжува со реализација на активности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На армискиот полигон Криволак вежбата „Блесок 26“ продолжува со реализација на активности на терен, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) извршуваат офанзивни операции во повеќе сценарија, а процесот го следат оценувачкиот тим и НАТО-монитори како дел од оценувањето на борбената подготвеност на ЛПБГ.

Како што информира Генералштабот на Армијата, активностите се реализираат според планираната динамика, со задачи што опфаќаат движење на терен, заземање позиции и реакција на контакт, како и инженериска поддршка на активностите. Со ова се нагласува координираното дејствување и навремената реакција во согласност со стандардните оперативни процедури на единицата.

Во текот на активностите командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, извршија обиколка на контролата на вежбата, со сите нејзини елементи, при што беше согледан степенот на реализација на поставените задачи на терен.