Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

МАСИТ со нови патрон партнерства: Property One Group и TGG за уште поголема поддршка на ИКТ секторот

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, информира дека склучи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, информира дека склучи патрон партнерство со Property One Group и TGG, со цел да обезбеди дополнителна поддршка за своите членки во процесот на пронаоѓање, дизајнирање и опремување на деловни простори, стои во соопштението од МАСИТ.

Ова партнерство претставува значаен чекор во насока на унапредување на условите за раст и развој на ИКТ секторот, преку обезбедување интегрирани услуги кои ги опфаќаат сите фази – од избор на соодветна локација, преку архитектонско и ентериерно уредување, до целосно опремување на канцелариски простори.

Како дел од оваа соработка, компаниите членки на МАСИТ ќе имаат пристап до ексклузивни поволности, меѓу кои: можност за добивање на гратис проект за ентериерен дизајн или избрано парче мебел при уредување на нов деловен простор, 30 проценти попуст за користење coworking простори, идеално за компании во транзит што овозможува непречено работење и флексибилни решенија за мебел за стартапи, со специјални попусти, наменети за поддршка на новите растечки компании.

Реклама

Преку своите специјализирани сегменти – Property One Real Estate & Development, Property One Office Furniture, Parallel Group Architects и Property One Co-Work – Property One Group нуди комплетно, интегрирано „end-to-end“ решение, овозможувајќи им на компаниите да соработуваат со еден координиран партнер во сите фази од процесот, од концепт до финална реализација.

Од аспект на МАСИТ, ова партнерство претставува важен чекор во обезбедување на практична поддршка и додадена вредност за членките, особено во делот на креирање современи и функционални работни средини.

„Со оваа соработка, нашата цел е да им овозможиме на компаниите брз и лесен пристап до квалитетни и флексибилни решенија кои директно придонесуваат кон нивниот раст, ефикасност и модерно деловно работење,“ истакнуваат од МАСИТ.

Со оваа иницијатива, МАСИТ, заедно со Property One Group и TGG, ја потврдуваат заедничката мисија и посветеност кон унапредување на деловната заедница и поддршка на една од најдинамичните индустрии во земјата.