Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Заменик-министерот Исени претседаваше со 14 состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денеска претседаваше со 14 состанок на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денеска претседаваше со 14 состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“, која претставува форум за меѓуресорска соработка за спроведување задачи на експертско ниво поврзани со формулирање и имплементација на националните секторски политики вклучително и оние релевантни за интегрирање во ЕУ, како и користењето на донаторска помош и инструментот за претпристапна помош ИПА.

На настанот, како што соопшти МВР, присуствувале претставници од Делегацијата на Европската Унија, претставници на меѓународните организации, амбасадите, како и членови на работната подгрупа од институциите со надлежност за спроведување на законот.

Во своето обраќање заменик-министерот Исени потенцирал дека Министерството интензивно и посветено работи на спроведување на клучните реформски приоритети, кои се неопходен предуслов за напредок во процесот на европската интеграција.

Реклама

-Денес можеме да констатираме дека се постигнати значајни резултати, особено во делот на реформите на безбедносниот и разузнавачкиот систем, зајакнувањето на капацитетите за борба против организираниот криминал и корупцијата, како и унапредувањето на владеењето на правото- истакна Исени.

Тој искажал благодарност за поддршката што Европската Унија ја обезбедува преку Инструментот за претпристапна помош.

-Преку ИПА 3 програмата, во изминатите години беа имплементирани бројни проекти кои значително придонесоа за јакнење на институционалните капацитети – човечки, технички и инфраструктурни. Оваа поддршка има суштинско значење за модернизација на министерството и неговото усогласување со европските стандарди- нагласил Исени.

На состанокот биле презентирани стратешките плански документи, индикатори и програмски документи. Дополнително било презентирано портфолиото на проекти кои што во моментот се имплементираат во Министерството за внатрешни работи, како и проектите кои ќе започнат во следниот период поддржани од Европската Унија и од други донатори.

Заменик-министерот Исени се осврнал на клучните аспекти поврзани со реформската агенда, анализата на препораките од годишните извештаи на Европската комисија, како и заклучоците произлезени од скрининг-процесот, при што уште еднаш се заблагодарил за континуираната поддршка што ја добиваме од Европската Унија.