Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Средба на струшкиот градоначалник Ќура со амбасадорот на Италија Палминтери

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со амбасадорот на Италија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери.
 
На средбата, како што соопшти денеска општинската прес-служба, била истакната важноста на Струга како еден од најубавите и најпрепознатливи делови на државата, како и традиционално блиските врски со Италија, особено имајќи ја предвид бројната струшка заедница која живее и работи таму.

Амбасадорот Палминтери, наведува Општина Струга, ја изразил, својата подготвеност за унапредување на економската соработка и зголемување на италијанските инвестиции во Струга, како и за развој на културната соработка преку различни иницијативи и програми.

– Посебен акцент беше ставен на можностите за интензивирање на културната размена, имајќи предвид претходните успешни соработки со други градови во државата, како и потенцијалот Струга да стане дел од овие иницијативи, стои во соопштението на Општина Струга.

Реклама

Градоначалникот Ќура нагласил дека Општина Струга останува отворена за соработка што ќе придонесе за економски и културен развој на градот.