Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Наградени најредовните читатели во Градската библиотека “Кочо Рацин” во Крива Паланка

По повод Светкиот ден на книгата и авторското право – 23 Април,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светкиот ден на книгата и авторското право – 23 Април, во библиотеката “Кочо Рацин” при Национална установа Центар за култура Крива Паланка, денеска беа наградени најредовните читатели. Дипломи и книги, како симболична награда, од директорот на НУЦК Крива Паланка, Сашко Додевски им беа врачени на најмладите читател и читателка, како и на тројца читатели од возрасна категорија.

-По повод Светскиот ден на книгата и авторското право бибкиотеката при НУ Центар за култура Крива Паланка за своите редовни читатели во две категории: најмлади читатели и редовни возрасни читатели им подари благодарници и книги, со цел да им даде признание на истите, но и поттик на останатите читатели. Библиотеката редовно го збогатува книжниот фонд со најнова белетристика, книги за помлада возраст и лектирни изданија, а слободно може да истакнам дека интересот за изнајмување книги постојано расте, информира Даниела Петровска, координатор на библиотеката.

Младите поетеси, Лара Стевановска и Глорија Стојмировска од основно училиште “Св.Јоаким Крчовски ” и средното општинско училиште “Ѓорче Петров” од Крива Паланка, во соработка со НУЦК Крива Паланка, под менторство на професорките Јасна Ѓоргиевска и Даниела Стојмировска, утре ќе учествуваат на годинешниот поетски настан “Пролет, љубов, смеа” во Домот на културата “Крсте Мисирков”, во Свети Николе.

Реклама

-До крајот на месецот нѐ очекува и организација на општинскиот натпревар “Млади библиотекари” што ќе се одржи на 29 април во библиотеката, а ученикот што ќе освои прво место ќе се натпреварува на Републичкиот натпревар за млади библиотекари на 15 мај во Домот на култура “Горјан Тозија” во Ресен, информира Петровска.

Конкурсот го распишува библиотекарското друштво на Македонија, а учествуваат сите библиотеки членки на здружението.