Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Средба Хоџа – Тошниг: Продлабочување на соработката со Австрија во областа на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска во Виена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска во Виена остварил  средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг, при што фокусот бил ставен на управување со води, заштита на природата и зелената транзиција.

Министерот Хоџа, како што соопшти неговиот Кабинет, ги претставил приоритетните инвестиции во секторот води, а бил презентиран и процесот на воспоставување современ регионален систем за управување со отпад.

Осврнувајќи се зајакнувањето на мрежата на заштитени подрачја, Хоџа посочил дека Австрија има искуство во управување со националните паркови кое може да биде вредно за нашата земја.

Реклама

Двете страни ја потврдиле вредноста на соработката преку инструментите на Европската Унија и го искажале заедничкиот интерес за продлабочување на партнерството во областа на животната средина.

Министерот Хоџа посебно го истакнал значењето на Законот за климатска акција, кој е во процес на усвојување и кој ќе воспостави сеопфатна рамка за справување со климатските промени.