Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Во Гостивар расте опфатот на деца со редовна вакцинација

Здравствените работници оценуваат дека опфатот со вакцинација во Гостиварско има пораст и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствените работници оценуваат дека опфатот со вакцинација во Гостиварско има пораст и интересот на родителите за вакцинирање на децата е зголемен.

Во Здравствен дом и службата за вакцинација, се води евиденција за опфатот со вакцинација и податоците кои ги споделија по повод „Европската недела на имунизација“: со ДПТ процентот е 92 додека со МРП вакцина опфатот изнесува 89 проценти. Тоа, споредно со претходните години е показател дека има зголемување.

Лекарот во службата за вакцинација д-р Дафина Богданоска посочи дека веќе една деценија се одбележува Европска недела на имунизација која годинава е опфатена со кампањата „Заштитуваме генерации“, со која се промовира редовното вакцинирање.

Реклама

– Можам да се пофалам дека бројката на вакцинирани деца оваа година е зголемен, но наталитетот во општина Гостивар е многу намален. Во 2024 година имавме 466 раѓања, во 2025 – 367. Годинава веќе се запишани 78 деца. Ние како служба сме достапни и стоиме на располагање за сите нејаснотии, типот на вакцината, за начинот на давање, за видовите на вакцини и на тој начин да им овозможиме на родителите да ја донесат одлуката , вели д-р Богданоска.

Таа потсети дека токму заради вакцинирањето се обезбедува подобро здравје на идните генерации и дека на тој начин се искоренети заразни болести како големата кашлица, детската парализа, туберкулоза, тетанус, сипаници, дифтерија.

Во рамки на „Европската недела на имунизација“ посебно организирани тимови со покани по телефон и пишани покани ќе ги потсетат родителите да ги донесат децата за да не се доцни со редовната имунизација.

Главната сестра, Линдита Гаши, смета дека подигањето на свеста на родителите е многу важна, без оглед каде децата се родени.

– Родителите на новороденчињата кои се родени надвор од нашиот град, низ породилиштата во Скопје и други клиники, треба да дојдат во нашиот оддел за вакцинација, за да почнеме со отворање на вакциналниот картон и да продолжи нивниот редовен календар, вели Гаши.