Реклама
Македонија

Во лабораторијата на дебарската болница се зголемуваат капацитетите за имунолошки анализи

Општата болница со проширена дејност во Дебар, ги зголемува капацитетите во сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општата болница со проширена дејност во Дебар, ги зголемува капацитетите во сите одделенија, кои функционираат во оваа институција, со цел здравствената услуга да биде што поблиску до граѓаните. 

Последниот од низата зафати и набавки на посовремени апарати е за лабораторијата, за која е набавен апарат за имунолошки анализи со пет секции.

-Со цел континуирано унапредување на здравствените услуги и зголемување на квалитетот на дијагностиката, во лабораторијата на нашата установа се зголемени капацитетите за извршување на имунолошки анализи. Набавивме апарат за имунолошки анализи со пет секции, наспроти досегашниот со две, рече директорот Мерсим Колеци.

Реклама

Дообјасни дека сега, меѓу другото се вршат тумор маркери на дебело црево, јајници, дојка, простата, потоа хормони на тироидна жлезда RSH i FT4, D – димери, како и Troponin I, за детектирање инфаркт.

-Веќе имаме нов лабораториски уред HumaCount 80,  кој овозможува извршување на 80 анализи на крвта за 60 минути, со што значително се подобрени и квантитетот и квалитетот на анализите. Продолжуваме да вложуваме во модернизација на болницата и унапредување на грижата и здравствените услуги за граѓаните, нагласи Колеци.

Според него оние кои имаа потреба од испитувања порано беа принудени да одат во други здравствени установи, пред сè во соседните градови, а сега без проблем можат да ги направат сите анализи во лабораторијата во Дебар, која е и кадровски екипирана. Претходно целосно беа реновирани  просториите и сега, додава тој, може да кажам, дека имаме современа лабораторија.