Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Во македонското Собрание одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право

Светскиот ден на книгата и авторското право, македонското Собрание го одбележа со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светскиот ден на книгата и авторското право, македонското Собрание го одбележа со јавен културен настан „Читај меѓу редови“, посветен на книгата како трајна вредност, извор на инспирација и простор за дијалог меѓу различни искуства, генерации и општествени хоризонти.

Во обраќање пред аудиториумот, претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека од книгата произлегуваат, се обликуваат и добиваат трајност мислите и идеите, а за Собранието и пратениците тоа е од особено значење, бидејќи стабилните мисли и идеи водат кон одржливи решенија за граѓаните. 

-Сите што читаат знаат дека книгите не завршуваат кога ќе се затворат, напротив, токму тогаш почнуваат да работат во нас. Постои посебен однос меѓу книгата и читателот, однос кој не е секогаш непосреден. Книгата комуницира со нас и кога не ја држиме во раце. Можеби стои тивко на полицата, но е присутна во нас како спомен, како можност, како дијалог што чека да продолжи. И оваа врска не е линеарна, таа е длабока, интимна и тешко се опишува со зборови. Во ова време кога комуникацијата е брза и фрагментирана, убеден сум дека чувството што го остава напишаниот текст не продира исто преку екранот. Постои нешто во мирисот на книгата, во ритамот на страницата и во тишината што ја опкружува, што го прави ова искуство подлабоко и поисполнето со значење, посочи спикерот Гаши.

Реклама

На јавната средба во македонското Собрание, Гаши потсети дека Собранието, во рамките на своите надлежности, прави континуирани напори за унапредување на законската регулатива во заштита на авторските права, поддршка на авторите и создавање простор каде што пишаниот збор може да се развива достоинствено.

-Овој настан е исто така израз на нашата посветеност кон промоцијата на книгата и културата на читањето. Како претседател на Собранието, вложувам напори за проектирање на достоинствена собраниска библиотека, која има за цел да биде жив простор на мислата, место на средба меѓу знаењето и одлучувањето, каде што книгата не е поставена само како институционален декор, туку како ориентациски компас. Сепак, главната порака сакам да им ја упатам на студентите, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши и нагласи дека процесот на учење не завршува со дипломирањето, и ако не сакате да заостанете, продолжете да учите и да читате, нагласи Гаши.

На денешната манифестација „Читај меѓу редови“ беше прочитана националната порака посветена на Светскиот ден на книгата и авторското право, а свои обраќања имаа пратениците Арбана Пашоли, Велика Стојкова Серафимовска, Павле Арсоски, Ваљбона Адили Емини, Љупчо Николовски и Лидија Петковска.