Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Ѓорѓиевски се сретна со градоначалникот на Матера, Николетти

Градоначланикот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска имаше средба со градоначалникот на Матера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначланикот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска имаше средба со градоначалникот на Матера од Италија, Антонио Николетти.

– Во отворена и конструктивна атмосфера, разговаравме за потенцијалите на нашите градови, разменивме искуства и ги поставивме темелите за идна соработка што ќе донесе нови можности за развој. Оваа средба претставува увертира за утрешниот голем и значаен меѓународен настан, официјалниот почеток на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.
Процес кој носи нова енергија, визија и трансформација – културна, дигитална и инфраструктурна, а сѐ во интерес на сите наши граѓани, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Скопје утре ќе биде домаќин на европски лидери и градоначалници, место каде се креираат нови партнерства и заеднички перспективи.

Реклама

– Со ова, започнуваме нов развоен циклус и модел кој се темели на долгорочни инвестиции, стратешка соработка и јасна визија за иднината. Заедно со европските градови, институции и партнери, граѓаните и невладиниот сектор, го отвораме патот кон модерно, динамично и просперитетно Скопје. Она што некогаш беше заглавено и доведено во прашање, денес добива конкретна форма и динамика на реализација. Скопје сигурно чекори напред како европски град и горд носител на титулата Европска престолнина на културата за 2028 година, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.