Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Техничката влада пред укинување – Предлогот го помина првиот собраниски филтер

Техничката влада пред укинување. . 67 пратеници гласаа за потребата да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничката влада пред укинување. . 67 пратеници гласаа за потребата да се измени законот со кој три месеци пред секои парламентарни избори се формира Пржинска влада. Власта смета дека одамна е надмината потребата од ваков модел, кој со текот на времето се покажал како нефункционален и финансиски неоправдан.

Предложеното законско решение е со одложната примена, односно за парламентарните избори кои ќе бидат по тие во 2028 година.

  • ..со овој предлог закон се воспоставува јасна  и применлива  правна рамка која ќе ги  гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото…“стои во предлогот на ЗАКОН за изменување на Законот за Владата на Република Македонија.

Опозициската СДСМ најде нова причина за да не не ги поддржа измените. Според Оливер Спасовски власта брзала да се донесе законот и  бараат да се врати постапката од почеток.

Реклама
  • Со тоа што денескана брзина по скратена постапка наместо во редовна постапка сакате да донесете Закон за Влада, нема да можеме да ги исполниме тие критериуми за реформската агенда, бидејќи реформскатаагенда предвидува, како и за другите законски решенија, изборниот законик, нов Кривичен законик, исто така и за нов Закон за Влада. Така да мислам нема потреба од никакво брзање во однос на носењето законско решение..“ рече Оливер Спасовски – координатор на пратеничка група на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија  дека ваквите тврдења се неточни,  за ова прашање велат  се разговарало подолго време, а го предлагале уште кога биле во опозиција.

  • Да, во скратена постапка е, меѓутоа ќе има доволно време да се поднесат амандмани, да се разговара за сите тие амандмани поединечно и на крајот на денот да се стави на гласање ова законско решение. Ако сакате да наметнете состојба или размислување дека сме 2016 година и дека ова законско решение ќе треба повторно да седнуваме некаде да го разгледуваме, пробавме да направиме на лидерска по одлука на ова. Чудно некако ги сменивте ставовите од укинување на оваа техничка влада во повторно или плашење зошто да се укине“ рече Никола Мицевски – Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите партиски лидери беа согласни околу укинувањето на техничката Влада, што се потврди по лидерската средба која ја свика премиерот Мицкоски, но претседателот на СДСМ ја одби поканата.

Комисиската расправа е закажана за утре.