Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Сведоштво на студентка од Штип за пожарот во „Пулс”: Пиротехниката била поставена по 1 часот по полноќ и премногу блиску до гостите

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ беа поставени вечерта откога јас бев таму…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ беа поставени вечерта откога јас бев таму – истакна денеска во сведочењето студентката Теа од Штип, која во критичната ноќ во дискотеката во Кочани пристигнала околу 1 часот по полноќ заедно со пријатели. 

На влезот, како што наведе, имало двајца обезбедувачи, а нивната маса била поставена пред бендот, во непосредна близина на сцената.

Во исказот пред судот таа рече дека во текот на вечерта биле поставувани пиротехнички средства, при што таа реагирала кај своја пријателка дека се наоѓаат премногу блиску до гостите. Додека снимала со мобилен телефон, забележала дека по една минута почнал пожар.

Реклама

– Видовме искри и дека гори плафонот. Не го сфативме веднаш сериозно, но кога еден член од бендот повика да излеземе, тргнав кон излезот – наведе таа.

Според сведочењето, во моментот на евакуацијата настанала голема турканица, а зад неа се слушнала експлозија. Рече дека се заглавила меѓу влезната и излезната врата по што почнала тешко да дише.

– Бев веќе во лежечка положба, беспомошна. Барав помош. До мене беше пријателот кого го држев за рака – рече таа и додаде дека обезбедувачот по име Стојанчо ја извлекол надвор, каде што ги чекале родителите.

Сведокот додаде дека и претходно, кога ја посетувала дискотеката, имало случаи на користење пиротехника, како и дека во локалот влегувала и додека била малолетна. 

На прашање на судот дали кога била малолетна и одела во „Пулс“ ѝ барале лична карта на влезот, рече „да“ и дека во минатото не била сведок на полициски рации додека таа присуствувала во дискотеката.

На почетокот на судењето обвинителот рече дека за барањето на првообвинетиот за определување мерка куќен притвор ќе се произнесе или писмено или на следното рочиште.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето се наоѓа во доказната постапка со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.