Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

РКЕ дигитално се поврзува со Управен суд, се поедностават и забрзаат постапките

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Управниот суд ќе се поврзат дигитално преку софтверската платформа ЕПУС. Ова е предвидено во меморандумот за соработка, што го потпишаа претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, и в.д. претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини.

Софтверската платформа, како што велат од РКЕ, е креирана за да обезбеди брза, безбедна и ефикасна електронска комуникација со навремена размена на акти и списи потребни во постапките по управните спорови.

– Поведувањето управен спор е една од низата алатки што им стои на располагање на потрошувачите кои се незадоволни од конкретна одлука на РКЕ. Со потпишувањето на меморандумот и воспоставувањето електронска комуникација помеѓу РКЕ и Управниот суд во пракса ќе се поедностават и забрзаат постапките, што ќе доведе до побрзо и поекономично постапување и ќе се воспостави ефективен систем на електронска размена на документи меѓу двете институции – изјави претседателот на РКЕ, Ристов.

Реклама

Нагласи дека процесот на имплементација се одвива паралелно со потпишувањето, во неколку етапи: обезбедување технички предуслови, тестирање и постепено воведување во редовна употреба.

– Придобивките од оваа платформа се повеќекратни – зголемена ефикасност во постапувањето, намалување на административните трошоци, подобра координација меѓу двете институции, како и повисоко ниво на транспарентност и сигурност во размената на податоци. Оваа платформа веќе ја користат 72 физички и правни лица, што претставува јасен показател за практичната применливост на процесот на дигитализација на управното судство. Управниот суд во изминатиот период има склучени вкупно 17 меморандуми за соработка со јавни органи и единици на локалната самоуправа – изјави в.д. претседателот на Управен суд, Сејдини.

Во согласност со последните податоци на РКЕ, од вкупно поднесени 70 тужби пред Управниот суд во 2025 година, 42 се отфрлени или одбиени како неосновани, две тужби се усвоени, а за другите 26 управни спорови постапките продолжуваат оваа година.