Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Стојаноски: Поднесовме Предлог закон за измена и дополнувње на Законот за пратеници, само оние кои имаат македонско државјанство и никакво друго ќе можат да бидат пратеници

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на гостување на една од националните телевизии, кажа дека попладнево пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за пратеници, каде се предвидува еден дополнителен услов, односно, пратеник во Собранието да може да стане само лице кое има само македонско државјанство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека јавноста во изминатиов период е сведок на продукција на лаги од страна на СДСM, и потсети на вчерашното соопштение на фејсбук страната на СДСM во прашална форма, во однос на тоа дали дел од пратениците гласале на изборите во соседна земја. Стојаноски демантираше дека некој од нив поседува друго државјанство освен македонско, и ги повика опозиционерите од СДСM да излезат на прес-конференција со истото, а не од собраниска говорница.

,,Во текот на вчерашниот ден, излезе една вест на фејсбук страната на СДСM во којашто сме ние неколкумина, со една прашална форма дали сме гласале на изборите во Бугарија“, рече Стојаноски.

Реклама

Стојаноски вели дека тоа е стара вест, која била актуелна пред 5 години, каде тогашен министер за одбрана, а сегашен поранешен политичар во Бугарија, како што вели, сакајќи да создаде тема во јавноста ги наброил неколкумина, а тогаш имало и демант од нивна страна.

,,Јас лично не демантирав, затоа што сметав дека не треба да се даде внимание на оваа тема, но со колегите разговаравме и одлучивме да ја пресретнеме оваа лага и уште еднаш да покажеме пред јавноста со што се служи СДСM и на кое ниво е падната таа политичка партија. Затоа го поднесовме овој закон со идентичен текст како пред 5 години, тогаш коалицијата СДСM и ДУИ не го поддржа“, вели Стојаноски.

Тој кажа дека утре има пленарна седница, каде ќе побараат законот да се стави на дневен ред, и СДСM да се изјасни дали сега го поддржува како опозиција или тогаш како власт не го поддржуваше. Стојаноски напомена дека токму оние кои беа неведени во вчерашното соопштение на СДС го поднеле овој закон, а ја искористи приликата да демантира.

,,Уште еднаш да демантирам, дека никој од нас не поседува никакво друго државјанство, а најмалку бугарско“, потенцираше Стојаноски и додаде:

,,Ако се уверени во ова има начин тоа како да го докажат, нека се обратат до одредени институции, некој од  нив нека нека излезе, ама да не биде од собраниска говорница, нека даде прес-конференција, секако дека ќе го тужиме“, истакна Стојаноски.

Тој дополни дека станува збор за партија која ги губи судските спорови, но вели и декка повторно ќе најдат начин како ова да го заобиколат.

„Ете ние сме потпишани на овој закон, утре ќе можат да се изјснат дали го поддржуваат или не. Ако го изгласаат, ако се тие во право ние петмина повеќе нема да бидеме пратеници, но јас мислам дека и овој пат или ќе најдат некаков начин ова да го заобиколат или повторно ќе треба да ги слушаат оние кои што и во минатиот период ги слушаа, а тоа е ДУИ“, заклучи Стојаноски.