Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Закоњшек од Транспортната заедница: Работиме на решение за професионалните превозници во Шенген зоната

Директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек уверува дека се работи на решение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек уверува дека се работи на решение за времетраењето на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната за што вели дека во Брисел се одржуваат редовни состаноци, процес во кој олеснувач е Транспортната заедница.

Закоњшек денеска пред собраниската Комисија за европски прашања ги презентираше клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Меѓународната заедница – Транспортна заедница.

– Што се однесува до професионалните превозници многу сум свесен за овој проблем. Како Транспортна заедница сме олеснувачи меѓу сите различни страни кои се одговорни со цел да се најде решение кое ќе адресира некои од овие прашања. Во Бисел има редовни состаноци за тоа прашање каде ги гледаме сите аспекти – кои се проблемите и кои се краткотрајните и долгорочните решенија, со цел да се најде решение. Битно е да се сфати колку е важно ова прашање за превозниците и мислам дека за тоа сите гледаат во истата насока. И македонската асоцијација на професионалните превозници е многу активна по ова прашање, секогаш носи примери и можни решенија. Тука сме, бидете уверени дека сме активни по ова прашање колку што можеме да бидеме, а секако имаме и ограничени можности затоа што тоа е Шенген регулација. Секако бидете уверени дека работиме во оваа насока, рече Закоњшек, одговарајќи на прашање од пратеникот од СДСМ Митко Трајчулевски што се презема за надминување на проблемот на професионалните превозници.

Реклама

Претседателот на Комисијата за европски прашања Антонио Милошоски порача дека во интерес на сите во Европа е прашањето на превозниците да се реши на најдобар можен начин.

– Во однос на превозниците тоа што нам ни помага дополнително е што има и стопански комори и стопанственици кои се надвор од Македонија а имаат тука свои соработници. Во Македонија има странски инвестиции кои работат и извезуваат производи за германската, австриската автомобилска индустрија, за Словачка и за други држави. Нарушувањето на тој синџир на соработка или доцнењето со време, ден, два, три или повеќе, ја зголемува и цената на транспортот и цената на крајниот производ. Во интерес на сите во Европа е ова прашање да се реши на најдобар можен начин. Во текот на мај очекувам да имаме посета од висока делегација од Хрватска и меѓу другото да биде разговарано и за оваа тема во рамките на веќе постоечкиот систем којшто сигурно не може да се смени, да се најдат земји каде има добра волја на оперативен план да може овие транспортни предизвици или застои да бидат надминати, рече Милошоски.

Во текот на дебатата, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, побара одговор од Закоњшек за застојот на границите кон Европската унија по примената на новиот систем за влез и излез.

– Колку и да се експресни и безбедни автопатиштата небезбедно е кога деца и возрасни седат во автомобил со часови. Ова е едно прашање за кое во ЕУ и Транспортната заедница треба да се размисли ако се оди кон олеснување и преземање мерки и чекори. Ако како земја кандидат се трудиме да бидеме подготвени за секоја реформа која ја воведуваме зошто ЕУ пристапува неспремна кон одредени реформи кои влијаат негативно врз секојдневието на луѓето, како што е примерот на превозниците, за што не смислен план, а истото се случува и со патниците. Ова е пример дека треба да се направат табели и за проектите на ЕУ за кои гледаме дека еве и ЕУ не била подготвена пред да ги преземе, рече Панова.

Закоњшак посочи дека намалувањето на времето на чекање и зголемувањето на капацитетите за подобар проток на границите бара соработка на различни сектори од системите од двете страни на границите, царината, санитарните инспекции, полицијата …, а потсети и на придобивките од воведувањето на проектот „Зелени коридори“ за камионскиот транспорт. Во насока на намалување на времето на чекање на границите, кое рече дека сè уште е долго, е Програмата за безбедност и одржлив транспорт преку која од европските фондови се одвоени 54 милиони евра за инвестиции во инфраструктурните и ИТ решенијата на идентификуваните најпосетени 11 гранични премини и помеѓу Северна Македонија и Бугарија и Северна Македонија и Грција. – Не се работи само за размена на податоци, туку треба да има и инфраструктурни подобрувања, ИКТ решенија … Работиме на тоа напорно, посочи Закоњшек.