Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Пренџов: Очекувам новиот државен јавен обвинител да ги открие сите сомнежи за сторен криминал на претходната власт

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, истакна дека Собранието сè повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, истакна дека Собранието сè повеќе напредува и се демократизира за разлика од минатото и изрази очекување од новиот државен јавен обвинител за разоткривање на сите сторени криминали од опозицијата – се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Последниот Закон за Јавното обвинителство во Собранието е донесен во 2020 година во рамките на техничка влада, стасан во Собранието во 12 ч, ставен во 13 ч на пленарна седница, во 14.15 ч на Комисијата и ноќта во 2 часот со уцени се носел Законот за Обвинителството, денес ние имаме 100 чекори напред, затоа треба да бидеме горди дека Собранието напредува и се демократизира. Јас од новиот обвинител очекувам во најбрз можен рок во една соодветна обвинителска предистрага и истрага да ги открие сите сомнежи за сторен криминал, а се поврзани со Зоран Заев, со кланот Заеви, со Миле Зечевиќ, со Оливер Спасовски, со Љупчо Николовски, со Али Ахмети. Многу документи изнесовме пишани, многу докази изнесовме во јавноста, никој никогаш не ги демантира, но исто така не го видоа и светлото на денот, односно затаија некаде во Јавното обвинителство – рече Пренџов.

Пренџов наведе случаи на висока корупција, кои со години се чувале во фиока од страна на ЈО, без разрешница, а се поврзани со високи функционери од претходната власт.

Реклама

– Ние имавме дете со 20 и нешто години, кое без пари зема имот од 30 милиони евра, и до каде е таа постапка? Ние имаме отворен судски процес во рамките на Министерството за економија, каде што за копање минерални суровини некаде блиску до Кичево, половина сектор таму е обвинет бидејќи внуците на Али Ахмети копале, а не ѝ плаќале ништо на државата. Имаме случај на несразмерно збогатување и имаме случај на многу сомнителни финансиски зделки поврзани со самиот поранешен премиер Зоран Заев, имаме случаи со пасоши на белосветски криминалци давани од Оливер Спасовски, ние од Јавното обвинителство ден-денес немаме видено ништо – дециден е Пренџов.