Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Скопје домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци

Под покровителство на Министерството за спорт од денеска до 29 април, Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под покровителство на Министерството за спорт од денеска до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци.

Како што информираат од Министерството за спорт, на Светското училишно првенство во ракомет се очекува да настапат околу 1000 млади ракометари и ракометарки – средношколци на возраст до 18 години од целиот свет. Организацијата на ова првенство претставува признание за заложбите на Министерството, спортот да биде во секојдневието на младите преку училишниот систем.

Македонија годинава официјално се приклучи на платформата „Спортски игри за млади“ со што се отвора ново поглавје во развојот на младинскиот спорт. Оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа веќе 30 години организира спортски натпревари за деца од 6 до 18 години во кои досега учествувале над 3.440.000 учесници.

Реклама

– Натпреварувањето опфаќа десет спортски дисциплини (мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, ракомет, кошарка 3х3, тенис, пинг-понг, шах, атлетика – трки на 60 метри и граница) за момчиња и девојчиња. Во Македонија натпреварите ќе се одржуваат во април, мај и јуни 2026 година преку 18 спортски денови во Охрид, Струмица, Битола, Тетово, Куманово, Штип, Кичево, Кавадарци, Прилеп, Кочани и Скопје, во неколку скопски општини (Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир и Сарај). Во нив ќе бидат вклучени училиштата и локалните заедници низ целата држава, со поддршка од националните спортски федерации. Најдобрите поединци од регионалните натпревари ќе настапат на финалниот државен натпревар, а најуспешните потоа ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната завршница на Игрите во Сплит, каде што неколку дена ќе се дружат и ќе се натпреваруваат со врсниците од земјите што се вклучени во проектот, посочуваат од Министерството.

Од Министерството за спорт информират дека на 27 април стартуваат и „Плазма спортските игри за млади“ што ќе се реализираат низ 11 градови во државата.

Овие два настани кои се особено значајни за развојот на младинскиот спорт, Министерството за спорт ги реализира во соработка со Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

-Министерството за спорт како институција што стои посветено зад младите и нивниот развој има јасна цел – да создадеме безбедна, поддржувачка и мотивирачка средина во која секое дете и секој млад човек ќе може да напредува преку спортот. Ова се две масовни спортски манифестации кои значат шанса за младите и промоција на спортот, но и промоција на нашата земја, на нашата спортска култура и на младинскиот потенцијал кој го поседуваме, се посочува во најавата на настаните.