Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА денеска организира едукативно-креативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, наменет за ученици од основните училишта во Скопје.
Настанот ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а целта е да се поттикнат младите да размислуваат иновативно и да креираат одржливи, зелени решенија за реални предизвици од нивната околина.
На отворањето, ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, како и дел од градоначалниците од Град Скопје.

На настанот ќе учествуваат повеќе од 200 ученици од 23 основни училишта, кои преку практична работа, тимска соработка и претприемачки пристап ќе имаат можност да развиваат идеи и да ги претвораат во конкретни иновативни решенија.
